Мајк Тајсон понудил 10.000 долари за да се брои со горило

88

Најмладиот светски шампион во бокс во тешка категорија, Мајк Тајсон, откри интересни детали од својот живот. Тој и неговата тогашна сопруга Робин Гивенс, имаа приватна прошетка во зооолошката градина во Њујорк на полноќ, откако боксерот подмитил еден од вработените.

За време на прошетката покрај кафезот во кој било сместено горило, Мајк и Робин забележале како најгоемото ги малтретира останатите. Ова малку го налутило Тајсон , кој понудил 10.000 долари за да му го отворат кафезот и да го пуштат да се пресмета со животното.

  • Го подмитив чуварот со цел јас и Робин да се шетаме сами на полноќ во золошката градина. Кога дојдовме до кафезот со горили, видовме едно големо горило како ги малтретира помалите . Тогаш на чуварот му понудив  10.000 долари за ме пушти внатре да го онкаутирам тоа чудовиште. Но, тој одби и мојата намера не се оствари, изјави Тајсон.

Мајк Тајсон иначе е голем љубител на животни, позната е неговата љубов кон птиците, а исто така и кон некои егзотични животни.