Мајкл Бизли се сели во Кина

48

Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс, Мајкл Бизли (30), е близу до заминување во Кина, пренесува ЕСПН. како што наведува новинарот на овој медиум. Адријан Војнаровски, инаку голем познавач кога во прашање е внатресношта на НБА клубовите, Бизли е пред потпис со кинескиот Гундонг. Тој оваа сезона одигра 26 натпревари за „езерџиите“ и бележеше во просек по седум поени по натпревар.

Бизли во својата кариера настапуваше и за тимовите на Мајами, Минесота, Феникс, Хјустон, Милвоки и Њујорк. Тој веќе еднаш играше во Кина, кога потпиша договор со екипата на Шангај, каде пруши одлични партии по кои се врати во НБА лигата.