Ивањичанката Т.Д., по наредба на Вишото јавно обвинителство во Чачак е уапсена поради сомнение дека сторила кривично дело – тешко убиство, јавува Нова.рс.
Се сомневаат дека во семејниот дом му го отсекла гумениот дел од цуцлата низ кој проврела конец, кој го ставила во устата на своето двомесечно бебе за да го проголта.
„Таа требаше да ги повлече конците и да го извади тој гумен дел од цуцлата за да го прикрие убиството, а отиде да го однесе другото дете во градинка, а на својот брат му рече да го провери бебето дали плаче“, изјави изворот.
Како што дознава Нова.рс, братот на осомничената го посетил бебето и видел дека бебето се задушило, па со конец го извадил гумениот дел од цуцлата и го однел бебето во Здравствен дом, каде лекарите констатирале смрт.
Осомниченaтa го призналa делото во полиција, пишува Блиц.