Поранешниот втор пик на НБА драфтот, Мајкл Бизли, објави застрашувачки статус на социјалните мрежи за кој лесно може да се заклучи дека размислува за самоубиство.
Неговата мајка, Фатима Смит, пред големиот верски празник Божик почина од рак. Беа премногу блиски, поради што Бизли го пропушти поголемиот дел од натпревари во декември се со цел да ги минат последните денови на неговата мајка заедно. Две недели пре нејзината смрт заедно биле и на натпревар на Лос Анџелес Лејкерс, каде што Бизли во тоа вребе беше член, бидејќи сакала во живо да гледа натпревар пред нејзината смрт.
Бизли тешко ја поднесе смртта на својата мајка, поради што неодамна му се случи и професионални колапс кога „езерџиите“ во послдните минути од преодниот рок го трејдуваа во ЛА Клиперс, па од таму веднаш беше отпуштен.
Минатата недела пронајде нов клуби замина да игра во Кина за Гуангдонг, но очигледно заминувањето во нова средина и целосно поинаква култура дополнително го фрлија во депресија, што најдобро може да се забележи од неговиот последен статус кој го објави на социјалната мрежа „Инстаграм“.
-Искрено, започнав да ги мрзам сите околу мене откако си замина. Не можам да ја победам самотијата. Не знаеш колку ме повреди, мамичке. Знам дека е себично, но повеќе не ми се допаѓа тука. Се гледаме наскоро, ти ветувам, напиша Бизли до хаштаг „ден 68“, кој означува колку минало од нејзината смрт. Бизли на сите статуси кои ги објави изминатите два месеци напиша колку поминало време од смртта на својата мајка. Меѓу нив имаше и емотивни статуси, но ниту еден не беше застрашувачки како овој.