Мајката на Евгениј Пригожин отстранета од листата на санкции на ЕУ

493

Виолета Пригожина (73) беше додадена на листата на европски санкции кога Русија ја започна инвазијата на Украина на 24 февруари 2022 година, под изговор дека е сопственик на неколку компании поврзани со нејзиниот син.

Мајката на Евгениј Пригожин, сопственик на групацијата Вагнер, со судска одлука е отстранета од списокот на санкции на Европската унија.

„И покрај фактот што Пригожин е одговорен за дејствија со кои е нарушен територијалниот интегритет, суверенитет и независноста на Украина, односот меѓу Пригожина и нејзиниот син, кој е воспоставен во време на донесување на рестриктивни мерки, се заснова само на личен однос меѓу двајцата и затоа не се оправдува нејзиното вклучување во рестриктивните мерки“, се наведува во пресудата на Општиот суд.

Виолета Пригожина (73) беше додадена на листата на европски санкции кога Русија ја започна инвазијата на Украина на 24 февруари 2022 година, под изговор дека е сопственик на неколку компании поврзани со нејзиниот син.

Паравоената организација на Вагнер, основана од Пригожин, има блиски врски со Кремљ и во голема мера работи надвор од законот, соочена со обвинувања за воени злосторства и кршење на човековите права во различни области во кои била вклучена, вклучувајќи ги Сирија, Либија и Украина, каде што ги поддржуваше проруските сепаратисти од 2014 година.

За земјите-членки на ЕУ, овие „врски“ меѓу мајката и синот значеа поддржување акции и политики кои го поткопуваат територијалниот интегритет, суверенитет и независноста на Украина.

Додека беше на списокот со санкции, Пригожина не можеше да патува во земјите на ЕУ, а беа замрзнати и нејзините движни и недвижни средства во земјите од блокот.