Мајката на Вања: Не можам да разберам зошто мојот живот се претвори во пекол – зошто девојчето ми го пратија во гроб!

1660

Не ме интересираше неговиот живот. Мојот живот беа моите деца и мојата работа. Беше оставен на мира и разговаравме само за децата, вели за поранешниот сопруг Зорица Ѓорчевска, мајката на убиената Вања, во изјава за српска Република.

„Не сум во состојба да зборувам. Сè уште не знам зошто се случи ова. Сè уште го чекам епилогот од сето ова. Сè уште не ми е јасно зошто мојот најнормален живот се претвори во пекол“, вели Зорица во разговорот.

„Просто ми е несфатливо како и зошто моето прекрасно девојче сега е во гроб. Имам хронична болест, но се држам, важно ми е да ја знам вистината, а другата ќерка моментално е болна, сите се надеваат дека ќе биде добро. Ве молам, премногу ве замолувам да почекаме додека не дознаеме зошто се случило тоа“, рече таа.

Зорица за поранешниот сопруг вели дека биле во добри односи, но се разведени веќе пет години.

„Ништо не знам. Сето ова ми е нереално. Но, веќе пет години сме разведени и не знам што правеше и со кого. Бевме во добри односи поради децата. Не се расправавме за старателство, за воспитување, можеше да ги гледа кога сака или кога сакаат децата“,  рече Зорица.

Таа понатаму наведува дека не знае дали нејзиниот поранешен бил во коцкарски долгови, бидејќи не му се мешала во животот.

„Не знам и не ме интересираше неговиот живот. Мојот живот беа моите деца и мојата работа. Го оставив на мира, за да ме остави на мира. Секогаш кога разговаравме, зборувавме за децата. Ве молам, не ми поставувајте повеќе прашања бидејќи си поставувам многу прашања зошто се случи ова. И чекам да дознаам“, рче таа.

Таа им порача на новинарите да не ја прашуваат ништо за нејзината друга ќерка и како таа се справува со сето тоа. Таа дури и нема да каже колку години има.

„Ве молам не ме прашувајте за другото дете. Сега ми е најважно да ја заштитам“, вели Зорица и додава дека има најголема можна доверба во полицијата.

Вања Ѓорчевска беше киднапирана и убиена на 27 ноември, а меѓу петмината осомничени е и нејзиниот татко. Ова е првпат да се огласи мајката на Вања откако беше пронајдено телото на убиеното девојче.