„Маша и кашата“, влезе во Гинисовата книга на рекорди како најгледан цртан филм на јутуб

555


Рускиот цртан филм „Маша и медо“, поточно, епизодата насловена „Маша и кашата“ е запишана во Гинисовата книга на рекорди како најгледам анимиран филм на јутуб, соопшти компанијата „Анимакорд“.
Заклучно со денешниот ден, 19.012019, епизодата „Маша и кашата“, забележила повеќе од 3,4 милијарди прегледи, и на тој начин станува единствено анимирано видео во светот које се наоѓа меѓу петте најпрегледувани содржини на јутуб каналот!
За оние деца како и за малку повозрасните кои не знаат дека во јануари оваа 2019 година се навршуваат 10 години од емитувањето на првата епизода на филмот „Маша и медо“ кој ги освои децата, ама и возрасните од целиот свет.
Премиерата на новата епизода под наслов „Животот е театар“ е најавена за 25 јануари.