Мачката достигна неверојатни 17 килограми

36

Здружението Матроскин од руски Перм, група која се грижи за мачки, пред некој ден на Инстаграм потсети дека кога се изразува љубов кон домашните миленици, не треба да се претерува.

На профилот беше прикачена фотографија од прекрасната мачка Крошик, жолта мачка која со години добивала толку големо внимание од сопствениците што достигнал неверојатна тежина – 17 килограми!

“Еј, ова е Крошик, тежи 17 килограми, а веројатно моментално е меѓу петте најдебели мачки на светот. А се што сака е да научи да оди повторно. Имено, Крошик беше многу сакан, но поради целото тоа големо внимание сега нема простор да биде тоа што е.

Денес тоа е беспомошна мачка која не може ни да се движи поради сопствената тежина. Па, се здебели толку многу што ветеринарите не можеа да направат ниту класичен ултразвучен преглед поради слоевите маснотии“, напишале членовите на здружението покрај фотографијата и навеле подолу:

„Крошика го чека долго и напорно закрепнување, а ние му дизајниравме посебна програма, посочија од здружението и побараа од пријателите на мачките да помогнат со донации доколку сакаат.

„Ќе ни требаат и средства за специјална храна за мачки со прекумерна тежина и процедури за рехабилитација. Според најскромните проценки, целосната рехабилитација на Крошик ќе го чини засолништето околу 30 илјади рубли“.