Мацари нов тренер на Елмас

80

Актуелниот италијанскиот фудбалски шампион Наполи вечерва го објави назначувањето на Валтер Мацари за главен тренер на тимот.

Шеесет и двегодишниот италијански стручњак дојде на местото на Руди Гарсија, кој ги предводеше „наполитанците“ од јули 2023 година.

Валтер Мацари веќе работеше во Наполи: од јули 1998 до јуни 1999 година беше помошник тренер на тимот, а од октомври 2009 до мај 2013 година беше главен тренер.

Наполи е четврти во сезоната 2023/24 во Италијанското првенство со 21 бод од 12 натпревари.

Член на Наполи е еден од најдобрите македонски фудбалери Елиф Елмас.