МАСОВНО ПУКАЊЕ ВО ТЕЛ АВИВ: Најмалку двајца напаѓачи усмртија неколку лица/ВИДЕО

103

Во јужниот дел на Тел Авив, во Јафа, дошло до пукање во кое загинале неколку лица, пренесува Тајмс оф Израел.

Лекарите констатирале дека има неколку жртви. Службите за итни случаи соопштија дека им пружале помош на лицата кои биле застрелани и дека некои од нив се во несвест.

Во првите извештаи на израелските медиуми се наведува дека во нападот учествувале најмалку двајца вооружени напаѓачи и дека има најмалку 10 ранети, од кои двајца се во критична состојба.