Масовни апсења во Италија за мафијашко здружување, перење пари и трговија со дрога

131

Италијанската полиција денеска уапси 15 лица осомничени за мафијашко здружување, перење пари и нелегална трговија со дрога како дел од националната акција против мафијата координирана од властите во сицилијанскиот град Катанија.

Под истрага се вкупно 26 лица, пренесува Анса. Апсењата биле извршени во регионите на Сицилија, Кампанија, Тоскана и Фруланија-јулиска Краина.

Во акцијата учествувале вкупно 120 полицајци.