Масовен егзодус – над 40.000 косовски Албанци си одат за Германија

79

Масовното напуштање на Косово покажува дека во последните две години ништо не е направено на економски план поради што голем дел од луѓето не сакаат да останат и да обезбедат егзистенција на Косово, пишува порталот „Индекс онлајн“.

Според пишувањето на овој портал речиси 40 илјади луѓе во овој момент чека одговор од амбасадата на Германија на барање за добивање на виза, за што побрзо да го напуштат Косово. Тој број се однесува само на оние кои веќе имаат обезбедено работно место, но има и такви кои исто така би отишле, но не успеале да се снајдат.

Моментално за виза во германската амбасада чекаат луѓе кои барањата ги поднеле уште во 2017 година, пишува порталот и додава дека од извори во германската амбасада се дона повеќето барања за виза ќе биде одговорено позитивно, особено на оние кои имале договори со сериозни компании во развиените европски земји.