Маск нуди работа во неговиот Секретаријат за ефикасност – 80 часа неделно, без надомест!

29
EPA-EFE/SARAH YENESEL

Еден од лидерите на новоформираниот Секретаријат за владина ефикасност во администрацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, Илон Маск објави оглас за вработување.

Во огласот тој бара „револуционери со висок коефициент на интелигенција“ кои се подготвени да работат 80 часа неделно без надомест, објави Гардијан.

Тој на својата сметка на мрежата Х напиша: „Не ни требаат повеќе генератори на идеи со скратено работно време“. Потребни ни се револуционери за мала влада со супервисок коефициент на интелигенција, кои се подготвени да работат 80+ часа неделно во рамките на негламурозно намалување на трошоците“. Тој додаде дека заинтересираните треба да испратат CV на неговиот профил на мрежата Х, додавајќи дека тој и неговиот колега ќе разгледаат дел од апликациите.

„Навистина, ова ќе биде напорна работа, ќе создадете многу непријатели и нема да имате надомест. Колку голема работа!“, напиша Маск и додаде насмеан емотикон.

Маск претходно најави дека неговата цел е да го намали федералниот бирократски систем за една третина и да заштеди две милијарди долари за американската влада, велејќи дека за таков потфат потребно е да се минат „привремените тешкотии“.

На почетокот на неделава новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, го објави назначувањето на Маск и Рамасвами за лидери на новиот Секретаријат за ефикасност на владата, пренесува Танјуг.