Масевски: Во Атина не третираат како мало бебе на кое му треба родителска помош!

237

Град Скопје од Атина ќе презема искуства за имплементација на иновативни решенија за подобрување на секојдневието на граѓаните. Ова во Атина го истакна Тони Масевски, советник за стратегија и развој во кабинетот на градоначалникот на град Скопје кој заедно со Никола Гаџовски, раководител на секторот за планирање и уредување на просторот во Град Скопје, учествува на конференција во грчкиот главен град кој во ноември минатата година од страна на Европската комисија беше избран за „Европска престолнина на иновативност за 2018“

– Во Атина не третираат како мало бебе на кое што ќе му пружат родителска помош – вели Масевски во интервју за МИА.

Скопје еден од 12-те градови кој учествува во проектот „Хоризонт 2020“, финансиран проект, во кој Атина е град од кој што ние преземаме искуства.

– Ние како град имаме улога на град репликатор, еден од трите градови репликатори, покрај Болоња и Лисабон – вели Масевски.

Тој објаснува дека една од идеите е детално да се разгледа атинската дигитална платформа „Син Атина“ која е комплетно применлива кај нас, како платформа која ќе го зголеми интересот на граѓаните во јавниот живот.

– Тоа е дигитална платформа на која регистрирани граѓани, групи на граѓани, индивидуалци, сите стејкхолдери во општеството, можат да придонесат со објавување на настани што ги организираат, а се од интерес од јавниот живот. Со тоа, јавниот живот во градот почнува да станува организиран и од самите граѓани. Вториот момент е како тие граѓани, откако ќе се регистрираат, стануваат активни учесници со перманентно давање на свое мислење преку таа платформа. Регистрирањето значи дека имате право да дадете мислење, не значи дека вашето мислење се брои односно станува анонимно индивидуално – објаснува Масевски.

Со ваквата платформа граѓаните би имале каде да го кажат своето мислење, а „администрацијата согласно правилата и прописите мора тоа да го адаптира, не секогаш е применливо нивното мислење, меѓутоа гласот на граѓаните се слуша и е отворен за секој да го види да го прочита“.

На панел дискусијата во рамки на конференцијата, организирана од општина Атина, еден од дискутантите беше и заменик градоначалникот на Солун одговорен за туризам и меѓународни односи, Спирос Пенгас. Масевски вели дека соработката со градот Солун почна минатата година со посета на градоначалникот на Солун на Скопје.

– Соработката е почната, условите за соработка се феноменални. Луѓето од администрацијата од Солун со раширени раце ја прифатија иницијативата за соработка, можам да кажам дека јас сум апсолутно шокиран и од приемот во Атина – рече Масевски.