Она што се „шушкаше“ со месеци доби и официјална потврда, откако фудбалската легенда Масар Омерагиќ е новиот предводник на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

ФОТО: Петр Стојановски

На вонредното Собрание на ФФМ беше констатирана оставката на Муамед Сејдини, кој на оваа функција беше шест години, па делегатите едногласно го избраа Омерагиќ за прв човек на ФФМ.

  • Јас сум еден од вас, човек од фудбалот, знам во која насока треба да го развиваме фудбалот во Македонија. Ова е тимска работа исто како и фудбалот. Треба многу трчање, многу пот за да се постигнат целите. Со работа започнуваме веќе од утре. Имам неколку клучни точки кои ќе ги применам во моето владеење: Враќање на легендите во структурите на македонскиот фудбал. Чест ми е што мојата програма ја покажаа многу истакнати имиња. Фудбал за секое дете. Мојот сон и сонот на секое дете е да прерасне во фудбалер. Регуларно првенство, итно воведување на ВАР, инфраструктура. Да создадеме нормални услови за секој фудбалер. Обединување околу националните селекции, особено околу А селекцијата. Чесност, чист образ и транспарентност. Вратите на ФФМ се широко отворени за сите оние кои се со идеи да помогнат за доброто на фудбалот. Но и затворање на вратата на сите кои работат за лошото на фудбалот. Нулта толеранција за корупцијата во македонскиот фудбал, изјави Марар Омерагиќ во своето прво обраќање.