Каталонскиот гигант Барселона моментално важи за прв фаворит кога е во прашање потписот на египетскиот интернационалец од редовите на германскиот бундеслигаш Ајнтрахт од Франкфурт, Омар Мармуш. Шпанските медиуми немаат дилема дека веднаш на почетокот од летниот преоден рок челниците на Барса ќе испратат официјална за брзоногиот напаѓач не помала од 60 мил. евра.