Марко Кон и Милица заразени на свадба

569

Марко Кон и неговата сопруга Милица Кон, водителката на шоуто „Брак на невидено“ се заразиле со ковид-19 додека биле на свадба. Оваа информација Милица ја соопшти на социјалните мрежи.

 – Корона што правиш, како си овие денови? Ајде малку да се дружиме… Останете дома, немојте да бидете глупави како мене. Се сеќавате како јас и маж ми пред седум дена бевме на една свадба и како бевме многу убави? А, нормално пред седум дена сите предупредуваа да не се оди на прослави, бидејќи короната дивее. Но, не, ние бевме убедени дека ако седиме на нашата маса  нема шанси тоа да ни се случи, признала Милица во објавеното видео.