Актуелниот шампион во Мото ГП, Шпанецот Марк Маркез славеше на трката за Големата награда на Франција во Ле Ман. Зад полотит на Репсол Хонда останаа возачите на Дукати, Довициозо и Петручи кои ги пополнија останатите две места на подиумот.

Маркез и ја донесе на Хонда 300-та победа во трките од „кралската класа“. Шпанецот е водечки во генералниот поредок, тој денеска дојде до третата победа на последните четири трки од сезоната.