Шесткратниот светски шампион во Мото ГП, Марк Маркез, е подготвен за 2024 година откако му беше извршена операција на десната рака. На социјалните мрежи, тој изјави дека на крајот од оваа сезона му се појавиле проблеми со повредата, имал оток.
- Во вториот дел од сезоната, страдав од компартман синдром на десната рака. Го решивме проблемот со доктор Игнасио Роже де Оно и неговиот тим за да бидам подготвен за 2024 година – изјави Маркез.
На крајот од оваа сезона, Маркез постигна договор со Хонда за раскинување на партнерството и потпиша за Гресини Дукати. Возејќи за Репсол Хонда во последните 10 години, освои шест титули во Мото ГП шампионатот и постигна 59 победи. Сепак, оваа сезона само еднаш се најде на подиумот, и тоа во Австралија.