Познато е дека пејачите мораат да ги одложат настапите поради новите мерки, но исто така не можат да патуваат на одредени дестинации затоа што границите се затворени. Па така Марија првин им пееше на нејзините фанови на „Инстаграм“ бидејќи пеењето е она што и недостасува, а ден потоа им се обрати со многу бурна порака на нејзиниот Инстаграм-профил.

–  До кога? Кога ќе дојде крајот? Се разбира, секоја личност  со која јас  доаѓам во контакт  мора да е заразена. Никој да не ми се јавува, никој да не ми подава рака доживотно, да нема гушкање и бакнување, рече таа.

Инаку, пејачката од почетокот на епидемијата, а потоа и пандемијата на коронавирус, се придржуваше кон сите мерки на надлежните со цел да се заштити себеси и другите, а тоа честопати гo истакнуваше во нејзините хумористични инстаграм-приказни.

.