Мареј со солзи во очите го напушти Мелбурн: Морам на операција, не знам дали повторно ќе се вратам

48

Поранешниот светски рекет број 1, Британецот Енди Мареј, го одигра својот последен натпревар на грен слем турнирот Австралија опен, откако загуби од Шпанецот Роберто Агут со 4:6, 4:6, 7:6, 2:6.

Британецот во последните 18 месеци има големи проблеми со повредите и пред првиот гренс слем сезонава најави дека по настапот на Вимблдон ќе ја заврши својата кариера. Меѓутоа, постои можност тој да ја заврши својата кариера и по овој пораз во Мелбурн.

  • Планирав да играм на Вимблдон, но искрено не знам дали ќе издржам до тогаш, да ја трпам оваа болка која ја имам со месеци. Ако ова е мојот последен меч, тоа би бил неверојатен крај. Дадов се од себе, но спроти мене беше одличниот Роберто на кого му честитам за пласманот понатаму. Можеби ќе се видиме повторно, ќе дадам се за да се оствари тоа. Но, ако сакам да се вратам во вистинско светло ќе морам да одам на голема операција која не ветува дека повторно ќе можам да се натпреварувам, порача Мареј со солзи во очите.

Домаќините на прошталниот натпревар му подготвија видео со пораки за поддршка од неговите колеги меѓу кои беа и Роже Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.

  • Горд сум и среќен што во кариерата имав можност да играм против едни од најдобрите тенисери на сите времиња. Ги почитувам, тоа беа големи тениски натпревари, изјави 31 – годишниот Шкот.

Мареј го превзема првото место на АТП листата во ноември 2016 година и се задржа на врвот 41 недела. Во кариерата освои 45 титули од кои три грен слема – два Вимблдона (2013, 2016) и САД Опен (2008).

Исто така освои и три олимписки медали, Дејвис Куп (2015). Олимпиското злато во поединечна конкуренција го освои во Рио де Жанеиро (2016) и Лондон (2012), додека сребро во мешани двојки во Лондон (2012).

Што се однесува до останатите тенисери, сите фаворити обезбедија пласман во второто коло на Австралија опен. Кај дамите, единствено изненадување беше поразот на Викторија Азаренка, која загуби од Германката Лаура Сигемунд со 6:7, 6:4, 6:2.