Мареј повторно на операција, нема да игра во Марсеј

34

Британскиот тенисер Енди Мареј го откажа учеството на турнирот во францускиот град Марсеј и најверојатно ќе биде подложен на нов оперативен зафат.

Поранешниот прв светски рекет подолго време има проблеми со колкот. Тој испадна уште во првото коло на  Австралија опен, а сега го откажа и учеството во Марсеј.

На почетокот на годинава Мареј најави крај на својата кариера во јуни.

– Поради болки во колкот Мареј најверојатно ќе оди на нова операција и ќе го пропушти турнирот, објавија организаторите на натпрреварувањето во Марсеј.

Британецот изрази жалење за ваквиот тек на настаните, но потенцира дека немал друг избор.

Турнирот во Марсеј е закажан за периодот 18 – 24 февруари, а замена за Мареј е чешкиот тенисер Томаш Бердих