Марго Роби е бремена? Додека таа молчи, разголеното стомаче кажува сѐ!/ФОТО

341
EPA-EFE/ALLISON DINNER

Убавата австралиска актерка Маргот Роби, која го полуде светот во хит филмот од 2023 година „Барби“, го чека своето прво дете. Иако официјално не ја потврди оваа радосна вест, Марго беше фотографирана на одмор во Италија, а во преден план беше нејзиниот труднички стомак.

Марго моментално е на одмор во езерото Комо со сопругот Том Акерли, а папараците ги уловија како излегуваат од бродот. Славната Барби носеше црни панталони и откопчана јакна под која имаше бела кратка маица која јасно го откриваше нејзиниот труднички стомак.

Ова е прилично смело издание, а ваквите комбинации во последниве години се се помодерни во Холивуд. Трендот на бремена голотија го започна Ријана, а го продолжи Адријана Лима, Шеј Мичел и многу други познати дами.

Ниту Марго, ниту Том сѐ уште не го потврдија фактот дека го чека своето прво дете, а во претходните недели актерката секогаш носеше екстремно широки парчиња облека во јавноста, што успешно го криеше фактот дека е во блажена состојба.

Двојката се познава од 2014 година, а се венчаа во 2016 година. Не само што се сопружници, туку се и деловни партнери – имаат заедничка продукциска куќа и соработувале на бројни проекти.

Филмот „Барби“ доби дури осум номинации, но она што ги остави сите во шок е тоа што Американската академија за филмски уметности и науки ја прескокна Марго Роби за главната улога, како и режисерката Грета Гервиг. Потоа Марго, која продуцираше и глумеше во филмот, на проекцијата на SAG на „Барби“ проговори:

„Нема причина да бидеш тажна кога знаеш дека си вака благословена“.