Кенискиот атлетичар Елиуд Кипчоге (35) е светски рекордер во маратон. Тој во септември 2018 година делницата долга 42 километри ја истрча за 2:01.39 часа, што и службено е најдобро време во историјата во оваа дисциплина поставено на берлинскиот маратон.
Но, Кипчоге една година подоцна во Виена стана првиот човек кој маратонската делница ја истрча под два часа, поточно 1:59.40 час. Маратонот истрчан под два часа не доби службена потврда, бидејќи се случи на промоција на светскиот спортски гигант Најк.
Ако оваа компанија сакаше да привлече внимание на себе – успеа во тоа. Кипчоге границата на човечкото тело и ум ја помести трчајќи во патиките со име ‘Air Zoom Alphafly NEXT%’.
Овие патики се варијанта на нивните „Vaporfly“ колекција која беше одобрена од страна Светската атлетска федерација (ИААФ), а потоа ги забрани патиките кои имаат ѓон подебел од четири сантиметри.
Светската атлетска федерација ги креира правилата, а како е да се трча во патики со подебел ѓон од вообичаено наскоро ќе може да се увери секој со подлабоки џебови, бидејќи Најк ќе ги пушти во продажба оваа година, но засега цената е непозната.
Од Најк велат дека рекордите полесно ќе се уриваат со овие патики, а барометарот на напредокот на човекот ќе биде поголем од било кога досега. Кипчоге пак вели дека трчањето со овие патики е исто како слетувањето на Месечината во 1969 година.
Брицид Косеги, пак минатата година во Чикаго со ваков модел на патики истрча повеќе од минута време побрзо (2.14.04) отколку Пола Ретклиф пред 16 години. Спортските стручњаци велат дека патиките се еднакви на користење на допинг, бидејќи додаваат четири проценти брзина и го олеснуваат трчањето, а штедат и енергија.
Рос Тукер еден од најпризнатите светски спортисти работници истакнува:
-Не можеме да знаеме колку од тој виенски резултат е дел на Кипчоге, а колку патиките му помогнаа во тоа. Маратонот е тестирање на човечкото тело во најчистиот облик. Стапалата, нозете, градите, срцето и мозокот го даваат конечниот исход. Но, овие патики ни направија проблем бидејќи се еднакви на допинг.