Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња Диего Марадона е приведен на аеродромот во Буенос Аирес.

Полицијата реагирала по пријава на поранешната партнерка Рочио Олива, која го обвинила дека и должи 5,7 милиони евра.

Марадона бил приведен при враќањето од Мексико во престолнината на Аргентина.

Инаки Олива и Марадона биле во емотивна врска шест години, која завршила во декември минатата година.

Но, Марадона не останал долго во притвор. Откако го повикал својот адвокат, тој бил ослободен од полициската станица.

Веднаш се огласи и на Инстаграм.

„Моментално сум во Буенос Ариес, дома со својот пријател Морло“, напиша тој на Инстаграм.

https://www.instagram.com/p/BxvsGcSl-0x/?utm_source=ig_web_copy_link