Манчестер Јунајтед има крт во тимот!

1189
epa10447148 Players of Manchester United observe a minute of silence for victims of the 06 February 1958 air disaster carrying the Manchester United soccer team, ahead of the English Premier League soccer match between Manchester United and Crystal Palace in Manchester, Britain, 04 February 2023. EPA-EFE/ADAM VAUGHAN EDITORIAL USE ONLY. No use with unauthorized audio, video, data, fixture lists, club/league logos or 'live' services. Online in-match use limited to 120 images, no video emulation. No use in betting, games or single club/league/player publications.

Манчестер Јунајтед има ужасна сезона, a доволно за илустрација е последниот првенствен натпревар кој заврши со убедлив триумф од 4:0 на Кристал Палас.

„Црвените ѓаволи“ моментално се на 8-та позиција на табелата, а претходно завршија на четвртото место во групната фаза од Лигата на шампиони иако беа во група со Баерн (М), Копенхаген и Галатасарај.

Пред десет дена Јунајтед го прослави пласманот во финалето од ФА Купот. И покрај предноста од 3:0, избраниците на Ерик тен Хаг после пенал рулетот го елиминираа второлигашот Ковентри, а за трофејот ќе играат против Манчестер Сити на 25 мај на „Вембли“.

Резултатите се далеку од добри, а истото важи и за атмосферата во соблекувалната. За ова доволно говорат последните информации за Антони, кому му се заканува суспензија.

Имено, постои голема можност бразилскиот интернационалец да биде суспендиран до крајот на сезоната поради неверојатната глупост што ја има направено.

Играчот го нарече Тен Хаг ќелава јајце-глава во групниот разговор помеѓу соиграчоте, но брзо сфати дека добил нож во грб.

Неименуван играч испратил скриншот од коментарот до холандскиот стручњак и сега Бразилецот се соочува со суспензија.

Останува да видиме во наредните денови што ќе биде со него и каква одлука ќе донесат челниците на Манчестер Јунајтед. Да потсетиме, тој е еден од играчите кои се ставени на трансфер листата, каде што има дури 12 имиња.