Новинарот Мајк Киган објави дека се одржани сите рочишта кога станува збор за судењето на Манчестер Сити по дури 115 точки. Споменатиот новинар напоменува дека пресудата за овој случај ќе биде објавена за неколку месеци.
Доколку Манчестер Сити биде прогласен за виновен, исфрлањето од англиската Премиер лига и Лигата на шампионите е повеќе од реална опција.
Јасно е дека тоа би било катастрофа за повеќекратниот шампион на Англија кој на тој начин би можел да испадне во една од аматерските лиги во Англија.
И претходно Манчестер Сити имаше слични проблеми кога УЕФА го суспендираше клубот од „Итихад“ на две години.
Англискиот тим беше казнет и со 30 милиони евра, но одлуката беше поништена по жалбата до ЦАС.
Ваквите вести доаѓаат во ситуација кога Манчестер Сити е во најлоша форма во последните можеби 15 години.
Тимот од „Итихад“ има само една победа на последните девет натпревари, а во овој период забележа шест порази.
Од тоа имаше серија од дури пет порази, а со меч повеќе заостанува осум бода зад лидерот во англиската Премиер лига, тимот на Ливерпул.
И покрај сите проблеми околу обинувањата, предводникот на популарните „граѓани“, Пеп Гвардиола, потпиша нов 2-годишен договор и вети дека ќе остане на менаџерската позиција и доколку Сити биде исфлен од Премиер лигата.