Манчевски за вработувањата: Каде да одат овие луѓе, треба да ја напуштат државата

43

Според министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, ако јавноста смета дека изборот на банаџакот на Талат Џафери, Нури Бајрами, за член на Антикорупциската комисија е голем проблем требало да се реагира додека траел изборот, како што се реагираше и за многу други кандидати.
– Оваа мешана комисија ги оценила овие кандидати за најдобри. Следниот период на функционирање на оваа комисија, особено во предизборен период ќе покаже колку е искрена намерата на било кој да се бори против корупцијата – рече Манчевски.
Тој додаде дека му пречи што долго време Законот за спречување на корупцијата бил блокиран од страна на опозицијата во Собранието.

На прашање за вработувањето во администрацијата на блиски владини функционери, Манчевски одговори дека Антикорупциската комисија е институцијата која треба да провери дали во новите вработувања има и непотизам и судирна интереси.
Тој рече дека 10 години сите членови на СДСМ беа најдискриминирани граѓани во државата со тоа што им беше забрането да се врабуваат во јавен и приватен сектор.
– Денеска е чудно што било кој симпатизер на оваа власт се вработува и во јавни институции. Каде да одат овие луѓе, треба да ја напуштат државата… Сега има Антикорупциска комисија и сето она за што се смета дека е проблематично треба да се поднесе претставка и да се одлучува по неа – рече Манчевски.