Мане е една од најголемите грешки во мојот живот

56

Во 2016 година мораше да одвои 41 мил. евра, а две години порано, можеше да ги осигура неговите услуги за дупло помала сума, но не ја искористи добиената шанса.

Саидо Мане, фантастичниот крилен напаѓач на Ливерпул пристигна на “Енфилд” од редовите на Саутемптон за 41 мил. евра, а трансферот беше реализиран по наредба на Јирген Клоп. Сепак, истиот тој менаџер, можеше да ги осигура услугите на Мане во 2014 година и тоа за 23 мил. евра. Германскиот стручњак тогаш не беше 100% сигурен во квалитетите на тогашниот фудбалер на Салцбург и не веруваше дека може да биде квалитетно засилување за Борусија од Дортмунд.

Саутемптон ја искористи целата ситуација и го купи интернационалецот од Сенегал. Речиси пет години подоцна, трофејниот германски стручњак има сосема поинакво мислење за Мане кој веќе одигра 100 натпревари во дресот на Ливерпул на кој постигна 42 погодоци и запиша 20 асистенции.

  • Направив неколку грешки во мојот живот, но една од најголемите е таа што не го купив Мане кога бев тренер на Борусија. Беше во мојата канцеларија, разговаравме, но не бев сигурен дали Мане е вистинско засилување за нас. Направив голема грешка, изјави Клоп.