Манекенката Марина го исплати бившиот во монети

42

Марина Смит, 30-годишна позната бразилска манекенка, на своите многубројни следбеници на социјалните мрежи им се пожалила со што се соочила откако на своето поранешно момче му кажала дека сака да ја прекине врската. Бесен што го напушта, младиот маж побарал од неа да ги врати парите што ги платил за заедничкиот летен одмор и и приложил сметка од 400 евра. Изненадена од таквото барање, но и решена да си ја исполни желбата, Марина ја платила бараната сума и тоа во монети: „Секако дека можев да му ги префрлам парите во рок од неколку секунди, но решива да му дадам малку работа. Можеби ќе размисли двапати во иднина пред да му наплати на некого за нешто толку смешно“, рече таа.