Македонскиот ракометен репрезентативец Дејан Манасков, го прослави јубилејниот 400. погодок во дресот на Веспрем на дуелот против Ференцварош што актуелниот унгарски првак го доби со 29:25. Воедно, македонскиот ас го одигра најдобриот меч во кариерата постигнувајќи дури 16 погодоци, повеќе од половина од вкупниот број на голови на својот тим.

Манасков јубилејниот 400. погодок го постигна во првото полувреме, а потоа продолжи да ја полни противничката мрежа до крајот на мечот, реализирајќи дури 16 гола во новиот триумф на Веспрем.