На среќата и нема крај!
Атрактивната и сексапилната македонска поп-пејачка Антониа Гиговска од сè срце и многу искрено, со многу емоции, јавно му го честиташе роденденот на сопругот Роберт Спасенцовски-Џокер. Тој е инаку, син на познатиот музичар Боби, а во бракот со Антониа е откако таа ненадејно ја раскина врската со пејачот на “Либеро бенд“.
Впрочем, такви се непишаните патишта на судбината. Сега и двајцата, и таа и тој, уживаат во улогите на среќните родители. Го имаат златниот син Киан, малечкиот принц со необично име. Тато Роберт за својот роденден објави интересни фотографии, а под една на која е и синчето напиша „Мало тигарче за роденден“. На тоа Гиговска возврати: “„Најсреќен роденден тата, те сакаме“!
Роби, нагалено наречен и попознат со прекарот Џокер, доби многу честитки по повод роденденот, но најубавата и најемотивната му беше онаа од сопругата Антониа.
–
Разголена во минимален костим за пливање, иако летото календарски заврши. Навистина е убава, заводлива и примамлива оваа нашата пејачка, позната и по својот нескротлив темперамент. Не попусто ја споредуваат со тигриците! Да ни се живи, здрави и најсреќни со наследникот! Д.М.