Мама Драгана Мирковиќ ниту потврдува ниту демантира дали нејзиниот син е во љубовна врска со ќерката на Чолиќ

229

Драгана Мирковиќ, популарната пејачка која традиционално на својата ДМ-телевизија и овој пат ја имаше својата оригинална новогодишна ТВ програма со учество на голем број нејзините естрадни колеги, зборува деновиве и за наводната врска помеѓу нејзиниот син Марко со сексапилната девојка Уна, ќерката на пејачката ѕвезда Здравко Чолиќ.

– Најпрво да разјаснам дека Марко не сака да биде забележан од новинарите, но девојките секогаш сакаат да се сликаат со него. Не само поради тоа што е мојот син, туку и затоа што е многу згоден. Тоа е вистина. Да не се лажеме, јас убаво момче родив! Тој не живее со мене и татко му Тони. Си има свој стан во Виена и си има свој приватен живот во кој јас и Тони не му се мешаме.

Дали е во врска со ќерката на Здравко, навистина немам поим? Тој ништо не ми кажува за својот љубовен живот, а јас не сум од оние здодевни мајки да го тормозам во врска со тоа. Голем е, умен е, па самиот ќе си процени дали треба да биде во интимно дружење со убавата Уна… вели насмеаната Драгана, која ниту потврдува ниту демантира, а на која очигледно и сè омилени сите тие озборувања за врската на нејзиниот син со ќерката на Здравко! Ма, ете, просто да се наежиш! (Д.М.)