Мал попуст за Андре Силва

70

Шпанскиот прволигаш Севилја сака да ја продолжи соработката со португалскиот интернационалец, Андре Силва. Младиот напаѓач е во сопственост на италијанскиот калчо гигант Милан, но моментално настапува како позајмен фудбалер во дресот на Севилја.

Гордоста на Андалузија има право да го откупи неговиот договор на крајот од актуелната сезона, но само со понуда која нема да биде помала од 43 мил. евра. Таквата парична сума преставува проблем за челниците на Севилја кои се надеваат дека Милан ќе ја напали таа сума и тоа за околу 10 мил. евра.