Мал дрон падна во близина на градскиот суд во Москва, чуварите веднаш пријавиле во полиција

45

Мало беспилотно летало без експлозив падна денеска во близина на градскиот суд во Москва, пишуваат руските медиуми.

Чуварите на судот виделе како дронот паднал во близина на зградата 15 минути пред крајот на работното време на судијата и веднаш повикале полиција.

Полицијата почнала да трага по лицето кое управувало со дронот со димензии 15 на 15 сантиметри без дополнителни предмети и ознаки на него, јави ТВ РЕН.

Вчера рускиот државен медиум ТАСС објави дека во московскиот регион биле пронајдени три дронови со камери.

Еден од дроновите летал недалеку од местото во областа Богород каде во понеделникот се урна украински „камиказе-дрон“ со експлозив.