Малолетник предизвика паника во училиштата во Сараево: Повеќе од 40 пати лажно пријавил дека се поставени бомби

46

Малолетникот, кој е осомничен дека повеќе од четириесет пати лажно пријавил дека биле поставени бомби во неколку училишта во кантонот Сараево (КС), е предаден на кантоналното обвинителство.

Овој малолетник, ученик во сараевска гимназија, вчера бил уапсен.

Тој беше уапсен во акција на Полициското одделение на МУП на КС, Федералната полиција и Агенцијата за разузнавање и безбедност на БиХ (ОБА).