Малите бобинки се вистинска ризница на здравјето: Сокот кој се прави од нив посебно помага на една група луѓе

17

Аронијата одамна е позната како овошје со бројни здравствени придобивки и се користи во превенција од разни болести.

Овие мали темни бобинки се богати со хранливи материи и антиоксиданси како витамин Ц и антоцијанин, кои обезбедуваат многу здравствени придобивки за оние кои сакаат да го подобрат своето здравје преку исхрана.

Бобинките од аронија позитивно влијаат на циркулацијата на крвта, помагаат за чистење на крвните садови и го намалуваат ризикот од срцеви заболувања. Зрелите плодови содржат големи количини на феноли, кои го дезинфицираат крвотокот, го поттикнуваат зараснувањето на раните, ги отстрануваат токсините, го намалуваат воспалението, ја подобруваат еластичноста на крвните садови и го спречуваат нивното затнување. Сокот од аронија се препорачува за луѓе кои имаат проблеми со крвниот притисок.

Покрај придобивките за кардиоваскуларниот систем, сокот од аронија е одличен и за превенција од болести на очите, како што е катаракта. Исто така, може да биде корисен и за оние кои имаат проблеми со вишокот килограми, бидејќи помага да се спречи таложење на маснотии и може да биде корисен за слабеење.

Рецепт за сок од аронија
Иако и сирупот и сокот од аронија може да се купат во продавниците, дефинитивно е повкусно и поздраво да го подготвите сами.

Состојки:
1 литар вода
1 кг шеќер
2 лимони
2 кг аронија

Подготовка:
Шеќерот и водата измешајте ги и ставете го на шпорет додека не се растопи шеќерот, односно додека не почне да врие. Потоа додадете аронија и оставете се заедно да се крчка уште 10 минути. Постојано мешајте ги состојките во тавата, па по десет минути тргнете ја тавата од шпоретот.

Кога сирупот од аронија целосно ќе се олади, процедете го преку крпа или сито, оставајќи ги бобинките настрана. Потоа изгмечете ги и процедете ги бобинките. Уште еднаш се процедува, па добиениот сируп повторно се става да се свари.

Штом ќе зоврие, тргнете го од шпоретот, па додадете го сокот од лимон и промешајте.

Вака подготвениот сируп од аронија сипете го во стаклени шишиња, затворете ги и чувајте ги на ладно и темно место.