„Мала од скандала“ на 19 октомври во Скопје, со светски аудиовизуелен спектакл – Карлеуша на концерт во македонската метропола

660

Балканската мегаѕвезда и естрадна модна икона, Јелена Карлеуша, на спектакуларен концерт во Скопје, по подолга пауза! По спектакуларните белградски концерти, најголемото балканско шоу, конечно, доаѓа и во Скопје. На 19 октомври, во „Јане Сандански“, а во организација на продукцијата „Event Group“.

Балканската мегаѕвезда, естрадна модна икона и најпровокативна пејачка во регионот и пошироко, Јелена Карлеуша, ќе има спектакуларен концерт во Скопје, и тоа како дел од турнејата „Alpha & Omega“, која започнува во Македонија.                      Концертниот спектакл ќе биде светски: со специјални светлечки и видеоефекти, ЛЕД-скринови, ласери и бројни еротски кореографии на атрактивните танчарки и танчари што ќе ја придружуваат Карлеуша на сцената.  Д.М.