Битката за градоначаник на Куманово ќе биде решена во вториот круг од Локалните избори во кој влегоа досегашниот градоначалник, Максим Димитриевски сега како независен кандидат и кандидатот на СДСМ, Оливер Илиевски.
Двајцата доскорешни сопартијци, сега противкандидати, се соочина на ТВ дуел во емисијата на ТВ24.
-На моменти не знам кој Оливер ми е противкандидат, Илиевски или Спасовски, рече независниот кандидат за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, во вечерашнит дуел, алудирајќи на ривалитетот со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Илиевски, пак,го обвини Димитриевски дека уште пред првиот изборен круг се пазарел за гласови со ВМРО-ДПМНЕ, алудирајќи на статус на социјалните мрежи на вмровскиот кандидат за градоначалник на Куманово, Тони Михајловски, кој не помина најдобро на гласањето на 17 октомври.
На прашање дали би се дистанцирал од ВМРО-ДПМНЕ ако оваа, до скоро противничка партија, реши да му даде поддршка во вториот круг, Димитриевски рече дека не може да се дистанцира од кого било во кампањата.
„Јас не можам да се дистанцирам од никого во кампања. Може и на СДСМ утре ќе им текне да ме поддржат. Куманово од секогаш бил левичарски град, но ги запоставија правата на работниците и тоа им се врати“, рече Димитриевски.