Максимовиќ колега на Пандев

104

Српскиот интернационалец, Никола Максимовиќ, во новата клупска сезона ќе му биде тимски колега на легендарниот репрезентативец на Македонија, Горан Пандев. Централниот дефанзивец пред нешто помалку од два месеца стави крај на соработката со тимот на Наполи и како слободен фудбалер се пресели во редовите на Џенова. Репрезентативецот на Србија потпиша 4-годишен договор со „црно-црвените“.