Претседателот на Француската републиката ќе го помине денот на салонот за земјоделство каде пред бројните изложувачи на „Најголемата фарма“ на Франција ќе се обиде да ги претстави европските предизвици во аграрната политика, јавува дописникот на МИА.
Во официјалната агенда, денешниот ден е насловен „средба”. Саемот се одржува до 2 март во Порт де Версај во Париз. Непосредно пред отворањето на вратите за публиката во 9 часот, шефот на француската држава одржа едночасовен говор пред околу 500 луѓе, од кои половина се млади фармери од европските земји. Тој не заборави на традиционалната слика со маскотата на саемот, убава крава која се вика „Иминанс“ (Неминовност). Според најавите, Макрон ќе остане цел ден на Саемот, најверојатно до 22 часот вечерва.
– Јас дојдов за да разговарам за политика без која нашите национални активности се неефикасни, јас сум тука да зборува за европска аграрна политика. Јас сум патриот на нашето земјоделство, рече тој.
– Постои примарен услов за единство, продолжи претседателот. – Аграрна Европа е водечка сила во светот, која ја одржува оваа цивилизација на добра храна […], а која денес е загрозена. Од надвор, од внатре, од оние кои би сакале „да се ограничи заедничката европска аграрна политика”, предупреди Макрон. Но, без Заедничката европска аграрна политика „европските потрошувачи денес не би имале пристап до достапната и квалитетна храна”.
– Не ги игнорирам дневните тешкотии”, рече тој, но за Макрон, „вистинскиот ризик” е постепената зависност на европското земјоделство од фосфатното ѓубриво кое доаѓа од Русија или сојата што ги храни фармите.
Осврнувајќи се на 9500 агро-еколошките стандарди кои влијаат на руралните средини, Емануел Maкрон избра да им каже на земјоделците дека тие не би можеле да направат „ништо” наспроти ризикот од климатските промени. Еден начин да се поттикне прашањето кое многу влијае на земјоделците: екологијата и она што тие го нарекуваат “агро-башинг”.
– Земјоделците се приврзани повеќе од било кој кон зачувувањето на планетата, им рече тој пет минути подоцна. – Таа телесна врска која европските земјоделци ја имаат со биодиверзитетот, борбата против глобалното затоплување, тоа е егзистенцијално, тоа е во нашата ДНК на земјоделството, рече тој. Оттука и неговото ветување дека ќе предложи „значителен дел од Европската заедничка аграрна политика да биде посветен на еколошката транзиција”.
На крајот, претседателот се осврна назапирањето на користењето глифосат. Тој потсети на неговата посветеност за забрана за три години на употреба на моќните хербициди, кои се контроверзни поради нивната можна канцерогеност. Тој притоа нагласи дека француските лозја, можат да станат првите лозја во светот „без глифосат”.
На крајот Емануел Макрон вети дека ќе ги брани „сите земјоделски филијали“ и сите земјоделци преку „Европа која ги штити, и која секогаш ја подготвува иднината.” – Земјоделството е огледало на општествата”, заклучи тој.