Макрон во проблеми: Неговиот личен бренд станува се „потоксичен“

211
EPA-EFE/IAN LANGSDON

Кандидатите на француските парламентарни избори се обидуваат да се оградат од претседателот Емануел Макрон во нивните политички кампањи. Тие веруваат дека неговото однесување станува се понепредвидливо, а неговиот личен бренд станува се  „потоксичен“, пишува Bloomberg, повикувајќи се на извори во Елисејската палата.

Последните анкети покажуваат дека партијата на Марин Ле Пен е во водство. Ова, според Блумберг, го поддржува аргументот дека тактиката на Макрон пропаѓа. Дури и неговите некогаш лојални сојузници – министерот за финансии Бруно Ле Мер, министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин и премиерот Габриел Атал – се дистанцираа од Макрон.