На покана од организаторот од Република Турција, шестмина фризери од Македонија учествуваат на Интернационалниот куп Golden hair Festival во Анталија на кој има учесници од 30 држави.

На натпреварот кој од 28 до 30 ноември се одржува во овој турски град на брегот на Средоземно море, Македонија ја претставуваат Февзи Али, Ирена Стојковска, Саид Есад, Весна Предарска, Снажана Столевска и Катерина Несторовиќ.

– Чест ни е што ја претставуваме нашата држава Македонија и да се натпреваруваме за награди. За жал, многу чекавме спонзори да ни помогнат да заминеме за Анталија, а бидејќи немаше, моравме ние самоиницијативно да заминеме со наши финансиски средства, освен Снежана Столевска која е овде благодарение на помошта што ја доби од градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски. Иако сме во мал број, само шестмина, горд сум што имаме волја да се натпреваруваме со големи држави кои дојдоа со голем број учесници. Се за Македонија – изјави Февзи Али за весникот ВЕЧЕР.

Јавност го запозна за време на корона пандемијата кога ја почна својата хуманитарна активност да им помага со храна, хигиенски средства и облека на најранливите наши сограѓани.

(С.Бл.)