Македонски државјанин се удавил кај Дубровник

69

 

Попладнево  хрватската полиција од морето кај Дубровник  извадила тело на 30-годишен македонски државјанин. Во тек е увид на местото и се утврдуваат околностите за смртта на мажот.

Дубровничко-неретванската полиција соопштила дека во 13 часот од Јадранското Море на подрачјето на Бониново кај Дубровник е извлечено мртво тело на маж, кој е идентификуван како 30-годишен државјанин на Република Северна Македонија со постојан престој во Дубровник.

Локалните портали објавуваат дека полицијата околу 13 часот била повикана од граѓани кои виделе дека некој се дави во морето кај Бониново. Интервенирала итната помош и полицајци со полициски брод.

Неофицијално како што објавува ХИНА мажот паднал во морето од кое не можел да излезе. Откако бил извлечен од водите сè уште давал знаци на живот, а дека потоа починал.