Македонски автори на франкофонскиот фестивал „Солеј“ во Созопол

162

Во рамки на Меѓународниот франкофонски фестивал „Солеј“ во Созопол, во Центарот за уметности, локални занаети и традиции во тој  приморски бугарски град е отворена изложба од авторите Симонида Филипова-Китановска, Ивана Настески, Марjaн Sин и Иво Пецов.

Како што соопшти македонскиот Културно-информативниот центар во Софија, изложбата ќе може да се посети од 1 до 7 јуни, а официјално ќе биде отворена вечер од 18 часот кога авторите ќе имаат средба со публиката. Во киноклубот „Отец Паисиj”, пак, вечер од 22 часот ќе бидат прикажани кратки промотивни филмови за градовите Крушево, Струга и Охрид.

Во рамки на фестивалот, во Археолошкиот музеj во Созопол утревечер од 20 часот  соло-концерт ќе има младата виолинистка Наташа Диденко, коja пред публиката ќе се претстави со дела од Ерик Сати, Антонин Дворжак, Едуард Елгар, Жул Масне, Едит Пjаф, Лара Фабиjан, Индила и Жак Офенбах.

– На овоj 9. Меѓународен франкофонски фестивал, на коj се среќаваат културите на различни народи обединети од каузата на франкофонските вредности, нашиот КИЦ се претставува веќе петта година со вклучување на нашите уметници во манифестациjaта. На фестивалот свои учества имаат и амбасадите на Белгиja, Франциja, Мароко, Шваjцариja, Романиja, Либан, Грузиja, Азербејџан, информира КИЦ.