Македонија не може да се пофали со многу нови и модерни автопатишта, но дури и оние што ги имаме се како депонии. Поради некултурата на возачите и недостигот од свест за потребата да се заштити животната средина, нема автопат во земјава или патарина покрај кои нема купишта отпадоци. Институционалната негрижа, односно повремените акции за чистење не помагаат да се смени оваа грда слика. Но, сепак, ЈП за државни патишта спроведе акција за чистење и средување на средишните појаси и околу автопатиштата на коридорите 8 и 10.Пластичниот отпад може да се користи во градежништвото и при градењето на патиштата. Кога се меша со врел битумен, пластиката се топи за да се формира маслен слој над агрегатот и смесата се депонира на површината на патот како вообичаен битумен

 

 

 

Македонија не може да се пофали со многу нови и модерни автопатишта, но дури и оние што ги имаме се како депонии. Поради некултурата на возачите и недостигот од свест за потребата да се заштити животната средина, нема автопат во земјава или патарина покрај кои нема купишта отпадоци.

Институционалната негрижа, односно повремените акции за чистење не помагаат да се смени оваа грда слика. Но, сепак, ЈП за државни патишта спроведе акција за чистење и средување на средишните појаси и околу автопатиштата на коридорите 8 и 10.

– До овој момент по извршеното косење, кастрење и сечење на дрвјата во патниот појас на двата коридора 10 и 8, на вкупна должина од 270 километри, собравме над 650 кубни метри смет (отпад), искосивме повеќе од 1.930.000 квадратни метри трева и грмушки и исековме околу 650 дрвја што го попречуваа видикот при возењето – велат од ЈП ДП.

Оттаму потсетуваат дека покрај коридорите 8 и 10 на наплатните станици, како и на сите означени паркинг-места за одмор, ЈПДП има поставено канти за собирање отпад.

– Апелираме сите одговорно да се однесуваме кон природата низ која поминуваат нашите патишта. Ајде сите заедно да ја поправиме грдата слика од кабаст отпад, расфрлани гуми, делови од автомобили, ѓубре итн. во патниот појас. Фрлениот отпад на коловозот претставува опасност за сите учесници во сообраќајот – нагласуваат од ЈП ДП.   

Замолуваат доколку забележите фрлање отпад на и покрај државните патишта, да пријавите кај надлежните служби или да ја споделите информацијата на contТокму исфрлањето на отпадната пластика е една од главните закани за животната средина, а, од друга страна, градењето патишта во целиот свет е незапирливо. Меѓутоа, овие две работи може да се спојат и да биде корисно тоа. Имено, пластичниот отпад може да се користи во градежништвото и при градењето на патиштата. Кога се меша со врел битумен, пластиката се топи за да се формира маслен слој над агрегатот и смесата се депонира на површината на патот како вообичаен битумен. Теренските тестови го издржаа стрес-тестот и докажаа дека овој тип отпад, по соодветно преработување, ќе реши добар дел од еколошките проблеми.

(С.Бл.)