Македонскиот трубач Стефан Ночевски на Фестивалот на трубите “Гуча 2019“

334

Стефан Ночевски е млад и талентиран музичар кој свири на труба. Тој во студиото на ИН Продукција го промовираше неговото инструментално дело кое е насловено “Зик-Так”. Станува збор за убав чочек кој е снимен во Австралија, во студиото на Роберт Реџеповски.
– Чочекот е снимен уште во 2017 година во Мелбурн, Австралија, но мислев дека сега е вистинскиот момент за негова промоција. Одлучив да го промовирам на сателитската ИН ТВ бидејќи сметам дека е најгледана телевизија во дијаспората, па преку неа ќе допре до поголем дел од публиката. Очекувам овој чочек да им се допадне на љубителите на мојата музика. Се надевам дека ќе биде доста баран на моите настапи, но и кај моите колеги и соработници – истакна Стефан, кој за прв пат настапува овој август на Светски познатиот фестивал на трубите во српскиот град Гуча заедно со оркестарот “Опа бато“, па не ја крие својата навистина голема радост.