Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ти-Џеј Шортс и неговиот нов клуб, Париз, дојдоа до втората победа во Еврокупот, прва на гостински терен, и тоа против Венеција (81:75).

Шортс повторно беше најефикасен играч во својата екипа со 18 поени, а еден помалку постигна Хифи. На спротивната страна, прво име беше Симс со 28 поени и со 10 скока.