Македонскиот евровизиски претставник Васил Гарванлиев – во женски алишта – фановите бурно реагираат! Провокатор или….?

354

Некогашниот македонски претставник на „Песна на Евровизија“, струмичанецот Васил Гарванлиев а, кој воедно и јавно пред овој фестивал, за британските весници, раскажа дека е геј, според својата сексуална ориентација, деновиве повторно ја изненадува нашата публика, а и целата јавност.                                                                              Не само кај нас во Македонија, тој деновиве од Америка објави фотографија на која е сликан облечен во црно женско здолниште.

Со високи црни чизми, голи недепилирани нозе, во секси поза и во блуза со нејасен дизајн. Провокација или…?

Поводот за ваквиот многу чуден изглед на Васил е гала-вечерта на фондацијата „Метју Шепард“. На фотографиите Васил е и во друштвото со својот иден сопруг,  со кого се свршија во мај. Многумина негови фанови на социјалните мрежи, за жал го исплукаа Васил. Велат, нека прави што сака меѓу четирите ѕида, но не мора заради децата да се облекува во женски алишта и да се слика со сопругот. Се сложувате со ова, нели?  (Д.М.)