Македонската поп-волчица Калиопи ќе другарува со естрадните новинари, најавувајќи го концертот за паметење

91

На 14-ти октомври во 11 часот, во „Борис Трајковски“ –  Дали ме сакаш?!

Малку се зборовите со кои треба да се пофали потегот на нашата  (и балканската) поп-дива Калиопи, која (во понеделник на 14.10) во опуштена атмосфера, ќе има утринско другарување со седмата сила од Македонија, со естрадните новинари, кои инаку со години го следат секој нејзини музички чекор. Ваквото другарување е по терк на светските музички ѕвезди, кои држат до своето уметничко име преточено на македонски начин.

А, тоа може да го создаде Калиопи, една од многу ретките естрадни-волчици, како што сака самата себеси да се нарече.

Од 11 часот, во прес-просториите на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, Калиопи ќе ги пренесе сите свои претконцертни впечатоци, а секако дека со задоволство ќе одговара на поставените прашања. Воедно тоа ќе биде и потсетување на нејзиниот најнов албум кој таа го промовираше неодамна пред новинарите-секогаш нејзините пријатели.  Дека Калиопи знае како треба со седмата сила, со медиумите, ќе потврди и таканаречениот Утрински појадок-коктел, налик на оние кои сè почесто го практикуваат англиско-американските пејачки ѕвезди. И на тој начин се создава севкупниот имиџ за еден пејач-уметник, кој со песните и комуникацијата остава длабока трага на музичката сцена.  Се ова важи и за поп-дивата Калиопи!

А, таа низ ова другарување гордо ќе го најави уште еднаш и големиот концерт закажан за 19 октомври, во „Борис Трајковски“, за кој уште сега се знае дека е распродаден. Тоа е воедно и одговорот на музичкото прашање кое пејачката им го поставува на фановите: „Дали ме сакаш“?. Нивниот одговор е кус и јасен: ДА!!!   Д.М.